дома Актуелно ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА СО ИВАНОВ: Првата средба со лидерот на БЕСА кај...

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА СО ИВАНОВ: Првата средба со лидерот на БЕСА кај Иванов заврши!

Претставниците на политичката партија БЕСА си заминаа од кабинетот на претседателот Ѓорче Иванов по средбата со него на која се разговарало за актуелната политичка состојба. Од партијата не дадоа изјава за медиумите.

Инаку, претседателот Иванов денес ќе оствари поединечни средби со претставници и претседатели на политичките партии.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, во 13:00 часот треба да почне средба со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14:30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.