September 26, 2022, 9:09 pm

Завршни зборови за случајот „Topтура“, обвинитeлcтвото смета дека апceњето на Бошковски е политички peваншизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Кривичниот суд, одбраната и обвинителството ги презентираа завршните зборови за предметот „Тортура“. Обвинителството побара Мијалков и полициските алфи, да бидат прогласени за виновни, бидејќи, како што истакна обвинителот Љубомир Лапе, доказите во предметот „Тортура“, укажале дека апсењето на Љубе Бошковски било понижувачко и по наредба на првиот човек на УБК.

„Основниот мотив бил предизвикување на страдање поради поинаква политичка определба, популарно наречен политички реваншизам, поради што, токму овој начин нна извршување е предмет на ова обвинение“, потенцираше обвинителот.

Одбраната, во завршните зборови истакна дека погрешно било тврдењето на Обвинителството дека апсењето имало политичка позадина, бидејќи случајот со нелегално финансирање на кампањата на Бошковски бил во рацете на истражните органи.

„Сведокот Митко Чавков потврди дека акцијата е водена директно по наредба на јавен обвинител, бидејќи за кривичното дело за кое Бошковски беше осуден, а тоа е „Кампања“, биле спроведени посебни истражни мерки. На овој начин тој докажа дека ниедна од тезите кои се наведени како дејствија на извршување во обвинителниот акт не соодветствуваат со она што е изведено како доказ во оваа кривична постапла“, изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

Адвокатот Петар Василев додаде дека не можело да се темпира точното време на акцијата, ниту се точни претпоставките на обвинителот дека токму после изборите било извршено апсењето и дека постои мотив за политички реваншизам.

Случајот Тортура се однесува на апсењето на Љубе Бошковски од 6 јуни 2011 година, а судењето го води судијката Александра Ристеска. Сашо Мијалков и шестемина полициски алфи се обвинети за мачење и друго нечовечко дело. Казната за тоа кривично дело е од три до осум години затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This