дома Македонија ЗАГИНАТИОТ БИЛ АМНЕСТИРАН: Пред два месеци, Наим Реџепи – Беланока бил амнестиран...

ЗАГИНАТИОТ БИЛ АМНЕСТИРАН: Пред два месеци, Наим Реџепи – Беланока бил амнестиран со законот за амнестија кој го донесе СДСМ и ДУИ

Наим Реџепи, викан Беланока, кој вчера загина во престрелката помеѓу две спротивставени групи во ДУИ пред два месеци бил амнестиран благодарение на законот за амнестија кој го донесе владеачкото мнозинство 

 

Реџепи бил осуден за финансиски криминал, во кој учествувал заедно со уште еден познат кумановски бизнисмен, но благодарение на законот за амнестија кој го донесе владеачкото мнозинство, пред два месеци, тој заедно со уште неколку илјади други лица беа ослободени од одлежување на казната.

Беланока бил дел од општинскиот огранок на ДУИ во Куманово, каде заедно со Фатмир Идризи и Фериз Дервиши работеле на превземање на раководството со општинскиот огранок на партијата.

Вчера беа застрелани веднаш по добивањето на функциите во партиското седиште во Мала Речица.