дома Македонија Загрижувaчka состојбата со кopoнавирусот во Гевгелија

Загрижувaчka состојбата со кopoнавирусот во Гевгелија

Состојбата со Ковид – 19 во Гевгелија постојано се влошува и веќе е загрижувачка, велат здравствените локални власти.

За само месец и половина има над 260 нови пациенти со КОВИД – 19, а расте бројот и на смртни случаи.

Според епидемиологот Олумчев, клучно е да се крене свеста за самоизолација, граѓаните да не се движат ако имале контакт со заразено лице.

Гевгелискиот локален кризен штаб веќе два дена прави патроли во кои учествуваат и граѓани, а целта им е да се овозможи поголема контрола и почитување на мерките.

Во таа насока, втора недела е затворена капелата а погребите се одржуваат на отворено, на гробиштата, додека градскиот пазар функционира само со еден влез.