дома Актуелно ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири,...

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев реши да се качи на мотор и заедно со својата камарила се „паркираше“ во кафана во Стар Дојран

Еве, Наќе е крив и во оваа ситуација.

Заевци на мотори во Дојран, без притоа да почитуват никакви мерки за заштита. А и повеќе од четворица се…

Сега да прашам, како ќе седат на маса – двајца по двајца на два метра оддалеченост?

По една маса за секој човек?

Ќе се легитимираат кај келнерот со лични карти дека се сите фамилија?

И уште нешто, тој началникот на ОВР Гевгелија ќе оди да констатира прекршување на мерки и да ги казни, или Наќе да пушти од Струмица ЕБР да ги собираат по улица?

П.С.

Абе, Заев нели треба да е во самоизолација по информацијата дека Муки е позитивен на корона со оглед на тоа што со сигурност имал контакт со неговиот потпретседател во последните 21 ден, а? Или за Заев не важат медицински протоколи? – пишува уредникот на „Инфомакс“ Александар Митовски на својот ФБ профил.