дома Македонија ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ТОЈ ЛИЧНО ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРА ДИВОГРАДБА: „Објектчето“ во Лагадин поради...

ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ТОЈ ЛИЧНО ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРА ДИВОГРАДБА: „Објектчето“ во Лагадин поради кое охриѓани протестираа, Заев за инает ќе го легализирал!

Премиерот Зоран Заев му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот, на денешната трибина во Охрид, објави порталот СДК. Инвеститорот Никола Толески на трибината му кажа на Заев дека сака да го догради објектот и ако може да ја фати сезоната. За хотелот, инвеститорот кажа дека е едно „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани.

Одобрението за градба на хотелот, кој почна да се гради на во 2016 година во време кога градоначалник беше Никола Бакрачески, е поништено од Општина Охрид, а против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата во повеќе наврати, во знак на револт го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.

Изградбата на хотелот во Лагадин прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.