дома Политика ЗАЕВ ГО ПРОДАВА ЛУКСУЗНОТО ПОРШЕ ПАНАМЕРА: Страв поради истрагата за нелегално финансирање...

ЗАЕВ ГО ПРОДАВА ЛУКСУЗНОТО ПОРШЕ ПАНАМЕРА: Страв поради истрагата за нелегално финансирање на кампањата и нелегалното работење на фирмите на кланот!

Заев викендов го помина работно, продавајќи го луксузното „Порше Панамера“ на грчки бизнисмен

Член на семејството Заеви, викендов имал средби со грчки бизнисмени на кои требало да им го продаде луксузното „Порше Панамера 4с“, кое ново чини преку 150.000 евра.

По апсурдниот и правно нелогичен случај што го отвори СЈО, Заев бил во паника знаејќи точно колку милиони евра се прикриени преку неговите фирми. Знаејќи го ова, тој побарал од блиските роднини кои ги водат неговите фирми веднаш да се „ослободат“ од луксузните возила кои гласат на име на фирмите на кланот, имајќи во предвид дека нема логично образложение за купувањето на луксузни автомобили и недвижнини на име на фирмите, што пак служи како средство за прикриање на данокот преку прикажување на трошоците за луксузот како „основен трошок“.

Стартната цена на луксузниот „Порше Панамера“ е 162.150 евра, без вкалкулирани додатоци или данок.

Освен луксузниот автомобил, на име на фирмите како „Тргопродукт“ од Дабиле најверојатно се регистрирани и спротските мотори и квадови, бидејќи истите не се пријавени во имотниот лист на Заев, а се шпекулира дека на тој начин е купена и хациендата во Грција, за која исто така се бара купец.