дома Македонија ЗАЕВ ДЕНЕС ЌЕ МЕТЕ: Кои осум министри ќе си одат од Влада

ЗАЕВ ДЕНЕС ЌЕ МЕТЕ: Кои осум министри ќе си одат од Влада

Премиерот Зоран Заев за денеска рече дека до Собранието ќе го испрати предлогот за новите министри. Собранието за овој предлог ќе расправа наредната недела.

Според последните изјави на премиерот, ќе бидат сменети вкупно 8 министри, заменици министри и 20-тина директори на јавни претпријатија.

„До официјалното доставување на имињата од страна на премиерот во Собранието, не можеме да кажеме дали има и заменици министри, бидејќи премиерот сѐ уште е во консултации со лидерите на политичките партии кои се дел од владејачкото мнозинство“, изјави пред два дена Мухамет Хоџа, портпарол на Владата.

Од она што досега беше објавено како нeофицијлни информации министерот за екологија Садула Дураку, ќе бил назначен во новото Министерство за политички систем. На негово место ќе дојде Насер Нуредини. Алтернатива на Африм Гаши сѐ уште нема име за министер за култура. Министерството за локалната самоуправа можно е да добие нов министер, претседателот на Либералдемократската партија и пратеник Горан Милевски. Министерството без ресор за подобрување на климата за домашните бизниси можно е да премине кај една од ромските партии. Од редовите на СДСМ, нов министер се очекува во земјоделството, а исто така се шпеkулира дека ќе замине министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и еден министер без ресор.