дома Македонија Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Македонија со ЕУ е геостратешки...

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

Соговорниците се согласија дека отворањето на преговорите со Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.

Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД кои сега се и партнери во НАТО.