дома Македонија Заев до министрите и директорите: Проверете во фиока кои предмети не ви...

Заев до министрите и директорите: Проверете во фиока кои предмети не ви се решени

Проверете во фиоките кои предмети не ви се решени. Видете ги сите предметите за кои сте рекле „не“ како може да им кажете „да“ на граѓаните. Да растат одговорноста, транспарентноста и отчетноста.

Ова денеска на првата сесија на форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ го изјави премиерот Заев.

– Носете одлуки за инвестици, работниците мора да ја зголемат продуктивноста, земјоделците сега треба да ги донесат одлуките. Здравствените работници – поголема грижа, поголема отчетност, јавна плата примате, а ние сите сме пациенти. Образованието мора да оди напред. Мора ние како држава и општество да направиме квантен скок, вели тој и порачува да им се даде шанса на судиите.