дома Политика Заев: Дeмoкpaтиjaтa e двoнacoчeн диjaлoг мeѓy гpaѓaнитe вo oпштecтвoтo, ниe ja гpaдимe...

Заев: Дeмoкpaтиjaтa e двoнacoчeн диjaлoг мeѓy гpaѓaнитe вo oпштecтвoтo, ниe ja гpaдимe нa eднaквocтa нa cитe

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша меѓу другото премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на демократијата.

„Во годината кога Република Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, го славиме и големиот принцип дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот“, потсетува Заев.

Според него денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.

„Во нашата Република Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права. Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети“, напиша Заев.