дома Македонија ЗАЕВ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА ГАК САКА ДА ЈА ПОСТАВИ БЛИСКАТА ПРИЈАТЕЛКА...

ЗАЕВ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА ГАК САКА ДА ЈА ПОСТАВИ БЛИСКАТА ПРИЈАТЕЛКА НА НЕГОВАТА СОПРУГА: Довчерашна вмровка, со нестручност и неморални и неетичките капацитети

Сагата за поставување нов директор на Гинеколошко акушерската клиника продолжува. И покрај најавите објавени преку некои провладини медиуми уште минатата недела дека ГАК ќе добие нов директор до понеделник тоа се уште не се случило пред сѐ поради упорноста на Заеви на таа функција да ја постават д-р Викторија Јовановска, довчерашна вмровка и блиска пријателка со сопругата на Зоран Заев.

Заева и Јовановска во кафеана (08.03.2017)

Дали ГАК ќе добие директор – сончоглед чија компетентност за извршување на функцијата е оспорувана и од персоналот на клиниката и од министерството, според најавите на провладините медиуми, треба да дознаеме до крајот на неделава.

Најголем револт за поставувањето на Јовановска има меѓу членството на СДС од каде не можат да се изначудат како партијата нема подобар кадар за директор од довчерашната силна поддржувачка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. За неа меѓу колегите на ГАК дури се вртат и снимки од партиски собир во Струмица каде што во први редови му аплаудира на лидерот Груевски.

 

Освен со нејзиното политичко лицемерие, персоналот на клиниката има проблем со нејзината стручност, но и со моралните и етичките капацитети на нејзините најблиски луѓе кои во моментот силно лобираат за неа и очекуваат бенефиции од нејзиното поставување. Тука е прв на листата гинекологот Марјан Стојовски, кој беше директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во времето на СДСМ и раководител на операционите сали, а сега е осуден е на две години затвор за примање поткуп. На клиниката се зборува дека токму Стојовски е главен советник на Заев за избор на нови раководни кадри на клиниките, а причината за неговото големо залагање за д-р Јовановска била нивната блискост која во исто време сакал да ја искористи за да го врати своето лично влијание на клиниката.

Марјан Стојовски

Верна сенка и силен лобист на д-р Јовановска била и д-р Адела Стефанија Вртаноска која пак има судска пресуда за употреба на лажно Уверение за дипломирање на медицинскиот факултет во кое биле фалсификувани седум оцени. Вртановска била осудена на условна казна затвор од три месеци ако делото го повтори во рок од три години.

Поради сето ова, но и поради фактот дека д-р Јовановска не е ниту доктор на науки ниту субспецијалист,  најголем дел од професионалниот кадар на клиниката изразуваат загриженост дека со нејзино назначување на раководна позиција драстично ќе опадне квалитетот на работа и имиџот на клиниката, а постои голема опасност да се зголеми степенот на корупција.

Инсистирањето на Заеви токму д-р Јовановска да биде поставена на оваа функција му создава вистински главоболки и на министерот за здравство Арбен Таравари кој исто така смета дека на директорската позиција треба да биде поставен некој покомпетентен. Со поставувањето на Јовановска, министерот ќе остави голем простор за негативни критики во домашната јавност, но и во Брисел, од каде стигна силна забелешка до новата влада токму за брзите смени на директорите на јавните претпријатија со предупредување дека раководните лица не треба да бидат менувани по секоја цена и дека промените треба да бидат издржани и објаснети во јавноста.