дома Македонија ЗАЕВ И ВРАТИ НА МОСКВА: Македонија била цврсто определена кон НАТО и...

ЗАЕВ И ВРАТИ НА МОСКВА: Македонија била цврсто определена кон НАТО и граѓаните тоа наводно го поддржуваат

Зоран Заев испрати одговор до Москва дека Македонија од стекнувањето на независност е строго дефинирана за членство во НАТО, што, како што тврди, го поддржува голем број на граѓани

 

© AP Photo/ Darko Vojinovic

„Македонија од независноста во деведесетите е строго дефинирана за членство во НАТО и има полна поддршка на Македонските граѓани. Нашиот избор е недвосмислена одлучност кон евроатлантските интеграции“, вели Заев.

Така Заев одговори на предупредувањето кое вчера Министерството за надворешни работи на Русија го упати кон Македонија.

Москва, имено, предупреди на негативните последици за регионалната безбедност и билатерланите односи од пристапувањето на Македонија во НАТО.