дома Македонија Заев и Ципрас предложени за Нобелова награда и во Црна Гора

Заев и Ципрас предложени за Нобелова награда и во Црна Гора

Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, упати до норвешкиот Нобелов институт формална номинација годинашната Нобелова награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грација, Зоран Заев и Алексис Ципрас, поради потпишувањето на Преспанската спогодба со која се решава спор стар 27 години, пишуваат црногорските медиуми.

Со оваа историска спогодба е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатланската иднина на Македонија, туку создаваше и јаз помеѓу двете соседни земји, пишува, покрај другото, во номинацијата од Кривокапиќ.