дома Македонија ЗАЕВ КОНЕЧНО СЕ ОХРАБРИ: Ќе има дуел помеѓу лидерите на двете најголеми...

ЗАЕВ КОНЕЧНО СЕ ОХРАБРИ: Ќе има дуел помеѓу лидерите на двете најголеми партии во Македонија

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неколку наврати побара дебата со премиерот, Зоран Заев вчера во гостувањето на Канал 5 телевизија, прифати да се соочи со лидерот на опозицијата.

Мицкоски денеска на Фејсбук напиша дека ја прифаќа понудата за дебата со Заев од Канал 5 телевизија.

– Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања. Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми. Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен! – напиша Мицкоски.