дома Македонија ЗАЕВ: Можеме, ама не сакаме да направиме ново парламентарно мнозинство

ЗАЕВ: Можеме, ама не сакаме да направиме ново парламентарно мнозинство

Ниту сакаме, ниту планираме формирање на мнозинство во парламентот, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот статус на „Фејсбук“ на генералниот секретар на неговата партија Љупчо Николовски.

Ниту сакаме, ниту планираме формирање на мнозинство, кое што секако е извесно. Знаете дека е тоа возможно да го направиме, затоа што сме пред обезбедување 80 пратеници, а не пак мнозинство од 61 пратеник. Но, не сакам тоа никој да го сфати како закана. Сакаме да има избори на 12 април и парламентот да се распушти навреме. Верувам дека ќе донесе Законот за Јавно обвинителство, изјави Заев.