дома Актуелно Заев му се извини на уредникот на Инфомакс

Заев му се извини на уредникот на Инфомакс

По испадот во Собранието на Република Македонија во кој што упати низа навреди и неточни обвинувања кон Инфомакс, Зоран Заев покажа доблест. Тој на Фејсбук иако не се извини директно покажа каење за своето однесување кон новинарите и кон нашиот медиум кое нашата редакција го прифаќа како извинување.

-Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, после конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите.

Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници, напиша Заев на Фејсбук.