дома Македонија ЗАЕВ: Наш дoлг е да повторуваме дека Бугарија ни е еден од...

ЗАЕВ: Наш дoлг е да повторуваме дека Бугарија ни е еден од најискрените пријатели

„Наш долг е е постојано да повторуваме дека Бугарија е еден од најголемите и најискрените пријатели на РС Македонија. Ние сме братски народи и ова е мојата позиција“, изјави Зоран Заев за време на форумот за енергетска соработка меѓу двете земји, што се одржува во Струмица, пренесе БГНЕС.

Премиерот соопшти дека во моментов има огромни инфраструктурни проекти. Само за вжелезничката врска под Коридорот 8 обезбедиме 607 милиони евра а 60 милиони евра за двете делници за експресниот пат од Куманово до бугарската граница.

На овој начин, врската помеѓу двете престолнинби ќе стане многу побрза, поефикасна и поатрактивна“, вели Заев.