дома Занимливости ЗАЕВ НЕ БИЛ ПО СПОРТОТ: Во недела возам мотор, не сум редовен...

ЗАЕВ НЕ БИЛ ПО СПОРТОТ: Во недела возам мотор, не сум редовен на фудбал со министрите

Премиерот Зоран Заев денеска беше прашан колку спортува, на што тој искоментира дека сака повеќе да вози мотор и дека нема толку време за активно да се рекреира.

– Имам многу малку време, но и покрај тоа го користам. В недела возам мотор, а во Скопје во четврток играм фудбал со министрите, но не сум редовен. Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за спортување за да бидам подобро подготвен за секојдневните активности – рече Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир што се одржа денеска во Струмица, пренесе Фактор.

Инаку оваа година ќерката на Заев, Александра е матурантка, а неодамна таа се фотографираше за табло, па фотографијата ја постави на социјалните мрежи. Пријателите и следбениците на Инстаграм и честитаа, но и дадоа и безброј позитивни коментари за нејзиниот изглед.