дома Македонија ЗАЕВ: Ние блескаме во светот, апсолутно не ни размислувам за ocтавка

ЗАЕВ: Ние блескаме во светот, апсолутно не ни размислувам за ocтавка

Денеска премиерот Зоран Заев по средбата со Стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство, изјави дека не планира да поднесе ocтавка.

-Кога се исполнети сите реформи, кога блecкаме во светот, кога држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, и со европски начин на однесување, апсолутно не ни размислувам за ocтавка, одговори Заев.