дома Македонија ЗАЕВ НEМA ПЛАН Б, ТОЈ Е РОДЕН ЛИДЕР СО ЕДЕН ПЛАН: Heмaмe...

ЗАЕВ НEМA ПЛАН Б, ТОЈ Е РОДЕН ЛИДЕР СО ЕДЕН ПЛАН: Heмaмe план „Б“ ако Грција и Бугарија не блoкиpaaт, односно, пак ќе се вpaќaме на планот „А“

Немаме план „Б“ ако некој тргне кон блокада, планот „Б“ е да го вратиме на планот „А“, рече Заев.

Зашто веруваме дека сите аргументи на светот се обезбедени низ болниот процес што го помина нашата земја, но не очекувам Бугарија или Грција да ги блокираат нашите евроатлантски интеграции, туку напротив да бидат наша авангарда и наши адвокати да се залагаат за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и за полноправно членство во НАТО, порача премиерот Зоран Заев во одговор на пратеничко прашање.

Тој по објавувањето на бугарските црвени линии за историјата прецизира дека на македонската комисија и дава насоки да не се залагаат за воспоставување на апсолутната историска вистина, туку да утврдат одредени факти кои досега се констатирани, но низ призмата на пријателство за да се постигне целта – да бидат модерни европски држави со модерни европски народи.