дома Македонија ЗАЕВ: Одлуката на Богоевски е храбра

ЗАЕВ: Одлуката на Богоевски е храбра

Храбра одлука – вака премиерот Зоран Заев ја искоментира оставката на пратеникот Павле Богоевски. Според Заев оставка од пратеничката функција значи понесување одговорност, иако смета дека тој е добар пратеник и се надева на идна соработка со него.


Заев рече дека веќе еднаш кажал оти секогаш кога приватниот живот на пратеникот нема влијание врз извршување на работите тој нема ништо пpoтив, но дека е негово право и негова одлука.

Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената peволуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори, рече Заев.