дома Политика ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АХМЕТИ: Го зголемуваме владеачкото мнозинство, бидејќи ќе треба...

ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АХМЕТИ: Го зголемуваме владеачкото мнозинство, бидејќи ќе треба да се решава името и влез во НАТО

Бидејќи следуваат денови на големи одлуки, рече Заев, се бара зголемување на владеачкото мнозинство имајќи во предвид дека ќе треба да се донесат одлуки за промена на името Македонија, но и за членство во НАТО

 

-Сакаме парламентарното мнозинство да го зголемиме и да го направиме постабилно. Во Република Македонија следуваат сериозни одлуки за реформи, можно решение со Грција, интеграциски чекори, можеби и покана во НАТО. Тоа се наши амбиции и потребно е постабилно парламентарно мнозинство – рече Заев и додаде дека во пресрет на извештакот од ЕК, односно до 15-ти април очекува да бидат донесени реформските закони како законот за следење на комуникациите, за заштита на сведоци, за судовите, судскиот совет и да се одлучи за промената на ДИК.

Заев уште еднаш упати апел до претседателот, Ѓорге Иванов, да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците.

-Да го пуштиме законот да заживее, нема ништо страшно во него, растеретени сме од предрасуди. Блокирањето на законот за мене единствено значи дека некој се плаши овој закон да заживее и кога ќе заживее ќе видат сите дека се лаги стравовите со кои се плашеа граѓаните. Ако тие мои зборови се предзивик за него, мислам на претседателот, изволте нека го потпише законот и да ја тргнеме дебатата по ова прашање – порача тој.