дома Македонија Заев призна дека Вице Заев бил довeрител на пропaднатата Еуростандард банка

Заев призна дека Вице Заев бил довeрител на пропaднатата Еуростандард банка

Во денешното издание на „Утрински брифинг” кај Сашо Ордановски, гостуваше премиерот Зоран Заев кој зборуваше за уделите на неговото семејство во многубројните приватни бизниси, како и поврзаноста со моменталните случувања во Еуростандард банка, односно нејзиното затворање.


Инаку, Еуростандард банка долг период имала проблем со наплата на ратите од земените кредити, меѓу кои и 29 струмички фирми, во кои несомнено удел има семејството Заеви.

Зоран Заев вели дека не е тајна што неговото семејство е дел од голем број на бизниси низ Република Македонија, особено во дваесетина кои се точно во Струмица. Покрај бизнисите во кои и самиот тој учествува, не криеше дека неговиот брат Вице Заев е партнер во повеќето струмички приватни бизниси.

„Мојот брат Вице е партнер во една од фирмите кои биле на списокот на оние кои имале кредити во Еуростандард банка. Во таа фирма не е само тој, туку учествува со 20% или 30%, не знам точно. За 35 милиони денари кредит, заложени се 3,5 милиони евра објекти. И тука нема ништо спорно”, вели Заев.

На јавноста и е познато дека семејството Заеви царува низ државата, особено во источниот дел на Република Македонија, каде што поседуваат голем број на фирми и бизниси, а во останатите се како дел од партнерско друштво.

Со оваа денешна изјава Зоран Заев само ги потврдува тезите дека семејството Заеви е можеби најбогатото семејство кое не бира на каков начин ќе стигне до капитал, кој во многу наврати се покажа како нелегален.