дома Македонија ЗАЕВ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКА ДА ДОЈДЕ ЦИПРАС ВО СКОПЈЕ: Ципрас ќе...

ЗАЕВ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКА ДА ДОЈДЕ ЦИПРАС ВО СКОПЈЕ: Ципрас ќе дојде во Скопје, па јас ќе слетам во Атина под „Република Северна Македонија

Зоран Заев за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) од Минхенската безбедносна конференција најави дека ќе наскоро очекува официјална посета на грчкиот премиер Алексис Циптас, по што тој ќе ја посети Атина.

-Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него.

Потоа јас ќе ја посетам Атина, нешто што е многу добро, бидејќи често го посетувам Солун и сигурно ќе го посетам повторно. Но, во Атина, ќе дојдам за прв пат со владиниот авион на кој ќе пишува “Република Северна Македонија”, за да им покажам на нашите пријатели од Грција, од грчката Македонија, дека се држиме до договорот и сакаме пријателски односи со јужниот сосед – вели Заев.