дома Македонија ЗАЕВ ВО СТРАСНА ПРЕГРАТКА ГО ПРЕЧЕКА ЈУНКЕР:Јункер во Скопје пристигна заедно со...

ЗАЕВ ВО СТРАСНА ПРЕГРАТКА ГО ПРЕЧЕКА ЈУНКЕР:Јункер во Скопје пристигна заедно со Јоханес Хан

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер пристигна во Владата на Република Македонија каде што во моментот се одржува средба со премиерот Зоран Заев.

Јункер во Скопје пристигна заедно со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Република Македонија е првата земја од балканска турнеја на Јункер и Хан. До 1 март ќе ги посетат сите шест земји од Западен Балкан.

По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан ќе имаат средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Од Македонија тие денеска заминуваат за Албанија.

Превземено од А1он мк