дома Актуелно ЗАЕВ СО ТЕШКА НАВРЕДА КОН ШТИПЈАНИ: Ги нарече блесави и налудничави! (ВИДЕО)

ЗАЕВ СО ТЕШКА НАВРЕДА КОН ШТИПЈАНИ: Ги нарече блесави и налудничави! (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, очигледно исплашен од изборниот пораз во недела вчера во наплив на нервоза брутално ги навреди граѓаните на Штип.

Заев вчера на митингот ги повика штипјани да не се правеле налудничави и да не му изигравале блесави.

-Ве повикувам да не се правите налудничави. Буквално немојте повеќе, блесави да ми изигравате. Македонија оди напред, Штип мора да оди напред, изјави Заев.

Ваквиот срамен и скандалозен вокабулар на Заев преминува во агресивно однесување, кое е доказ дека тој и СДСМ се соочуваат со изборен пораз, поради што тој и неговата партија вршат секакви притисоци и посегнуваат по секаков вид на нерегуларности за да се избегне поразот на изборите.