дома Македонија ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА Е НОРМАЛЕН: Заев со закани и до Христијан Мицкоски,...

ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА Е НОРМАЛЕН: Заев со закани и до Христијан Мицкоски, тврди дека „се претерало“ и дека било „забегана работа“

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека не е целосно запознаен со одлуката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го замрзне учеството во носењето на системските закони, поради апсењето на Трајко Вељановски, Јанакиевски и Ристовски но смета дека е важно опозицијата да учествува во реформските процеси.

“Јас сум од кpв и од мeco, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил во пpитвopи, пред пpитвopи, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бoмби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убcтвo, зборува за некаква жecтoкocт или сл. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, порача Заев по средбата со лидерот на движењето Беса во рамки на консултации за заеднички претседателски кандидат”.