дома Земјоделство ЗАЕВ ЌЕ ГИ КРАТИ СУБВЕНЦИИТЕ:Расте револтот кај земјоделците

ЗАЕВ ЌЕ ГИ КРАТИ СУБВЕНЦИИТЕ:Расте револтот кај земјоделците

За да ги придобие нивните гласови, Зоран Заев на земјоделците во предизборието им се претстави како човек кој ја разбира нивната мака

-Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака, истакна Заев пред изборите на 28.11.2016.

Истиот Заев после изборите, како и за многу други работи, ја промени политиката и сега освен што не ја разбира земјоделската мака, тој сосема ги запостави земјоделците. Заев вели дека на земјоделци треба да им се каже дека нема да им се даде субвенции.

-Треба да им кажеме дека оваа година немаш бе брат субвенции оти си на ист обем на производство од лани, истакна Заев на 16.09.2017.