дома Македонија ЗАЕВ ЌЕ ТРЕБА ДА СИ БАРА УШТЕ ГЛАСОВИ ЗА СЕВЕРНА: БЕСА му...

ЗАЕВ ЌЕ ТРЕБА ДА СИ БАРА УШТЕ ГЛАСОВИ ЗА СЕВЕРНА: БЕСА му откажува љубов, бидејќи не се прифатени нивните барања

Беса на Биљал Касами со остра порака му се закани – Заев дека ако продолжи да нема слух за нашите барања, а до сега немаше, да си размислува да си најде уште гласови за уставните измени. Мнозинствното на Заев за Северна од ден во ден изгледа се по климаво, а шпекулациите дека на Заев му фалат четри пратеници за спроведување до крај на уставните измени очигледно се реалност. Имено досега се шпекулираше дека Заев има проблем со одметнатите пратеници од македонскиот блок на опозицијата, кој наводно не се задоволни поради притворите за нивните спонзори, но сега е очигледно дека проблемот го прават пратениците од албанскиот опозициски блок, односно Беса.

-Досега немаше таква атмосфера и ако вака се продолжи најверојатно мнозинството ќе треба да размисли да најде уште гласови, изјави Касами за ТВ24.