Пресудата за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев ќе биде објавена денеска во Кривичниот суд.
Адвокатот Филип Медорски, меѓу другото, посочи дека од доказите на Обвинителството и од изјавите на сведокот Иван Николов не произлегува дека Заев побарал пари и поради тоа побара обвинетиот да биде ослободен од обвинението.
Заев очекува ослободителна пресуда .
Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.