дома Македонија ЗАКОНОТ ЗА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ Е ПРАВЕН ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Власта нема чувство за...

ЗАКОНОТ ЗА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ Е ПРАВЕН ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Власта нема чувство за една од најранливите категории на граѓани!

Иако со новиот Закон за трговија на зелени пазари, паразџиите ќе го остварат правото на пензија, плаќањето лиценци за тезгите од 60, односно 40 евра на годишно ниво, е неприфатливо за нив. Велат дека Законот е правен во канцеларија, без чувство за една од најранливите категории граѓани, дека ќе ги остави без профит кој и онака тешко го остваруваат во зимските месеци и дека тоа е насока за затворање на пазарите, пренесува Телма.

Пазарџиите кои продаваат облека и обувки, што е забрането со Законот, исто така коментираат дека ќе останат без единствениот извор за егзистенција.