дома Македонија ЗАПОЧНА СРЕДБАТА НИМИЦ-ЗАЕВ: Нимиц пристигна во владата на средба со Заев

ЗАПОЧНА СРЕДБАТА НИМИЦ-ЗАЕВ: Нимиц пристигна во владата на средба со Заев

Почна средбата помеѓу Зоран Заев и преговарачот за спорот со името Метју Нимиц.

Средбата сеуште трае а се очекува Владата да соопшти за што се разговарало и кои се предлозите кои се во оптег.

Претходно, во вилата „Водно“, Нимиц разговараше со претседателот Ѓорге Иванов, а попладен ќе има срдби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде по средбата со шефот на дипломатијата, Димитров.

Нимиц во Македонија дојде вчера и по пристигнувањето само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите со Владата и со другите лидери, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.