дома Сцена ЗАПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА ЕУФОРИЈА: Прекрасен новодишен амбиент во домот на свекрвата на Каролина

ЗАПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА ЕУФОРИЈА: Прекрасен новодишен амбиент во домот на свекрвата на Каролина

Броиме ситно до завршувањето на 2019 и почетокот на Нова година, а новогодишната еуфорија веќе владее. Македонските јавни личности започнаа да ги украсуваат своите домови и на социјалните мрежи се фалат со ногодишната атмосфера. Некои од нив веќе ја покажаа новогодишната елка, а некои или не ја накитиле или пак се уште не ја покажуваат.

За разлика од многу јавни личности кои преку нивните јавни профили откриваат дел од својот приватен живот, македонската пејачка Каролина Гочева е премногу резервирана како за приватниот живот, така и за социјaлните медиуми.

На „Инстаграм“ најчесто објавува фотографии од својата професија, фотографии од фотосесии каде што промовира некои одредени брендови и слично.

Иако, останува еден месец до Нова година, македонското девојче се уште нема објавено фотографија од новогодишната атмосфера во нејзинот дом каде што живее со сопругот Михаил Корубин.

Меѓутоа, затоа нејзината свекрва, мајката на Михаил, Лиле Корубин не беше резервирана, па откри мал новогодишен детаљ. Инаку, Лиле обожава да прави разни декорации во домот по повод новогодишните празници, па секоја година во медумите се појавуваат разни написи за декорациите на Лиле.

Имено, Лиле на социјалните мрежи објави фотографија од новогодишно мало дрво украсено со сијалички и некои новогодишно додатоци.

Овде погледнете како е во домот на Лиле, а дали и нејзината снаа наскоро ќе објави дел од новогодишна атмосфера останува да видиме.

Извор: Вистина