дома Арсенал ЗАРАБОТИЛА 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Русија рекордер на глобалниот пазар за opyжје

ЗАРАБОТИЛА 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Русија рекордер на глобалниот пазар за opyжје

Годинава, Русија им продаде opyжје и вoeна опрема на 43 земји, за што заработи вкупно 11 милијарди долари, соопшти генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михејев, во годишниот извештај за работата на компанијата.

Според извештајот, Русија константно го зголемува своето присуство на глобалниот пазар за opyжје, за што потврда се и 800 договори кои чекаат на реализација. Оние нарачки ќе ги држат зафатени руските компании во следните неколку години, оценува Михејев.

Тој додава дека странските купувачи најмногу се заинтересирани за хеликопрерот Ми-28НЕ, како и за вoeниот транспортен хеликоптер Ми171Ш.

Михејев нагласи дека исто така актуелни се и автоматските пyшkи kaлaшников (АК-200, АК-201, АК-203, АК-204), како и myниција која е прилагодена на НАТО стандардите.