October 6, 2022, 3:07 am

ЗАРАДИ БРЕГЗИТ СЕ РАСПАЃА ВЛАДАТА НА ТЕРЕЗА МЕЈ: Четворица клучни министри си поднесоа оставки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четворица клучни министри поднесоа оставка во владата на премиерката Тереза Меј по објавата дека нејзиниот кабинет се согласил на договор за брегзит, со ризик за целосно распаѓање на конзервативната влада, пренесуваат британските медиуми.

Шајлеш Вара, државниот министер во канцеларијата за Северна Ирска, беше првиот висок официјален претставник што поднесе оставка кога премиерката Тереза Меј објави дека нејзината влада постигнала нацрт-договор за повлекување од ЕУ.

Еден час потоа оставка најави и министерот за брегзит, Доминик Раб, човекот обвинет за преговарање и финализирање на договорот, кој наведе дека договорот страда од длабоки недостатоци, како и дека совеста не му дозволува да го поддржи договорот. По него, оставка даде и Естер Меквеј, министерот за труд и пензии, по што следуваа и други оставки во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This