дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЗАСЕГА ЌЕ РАБОТАТ САМО ТЕРАСИТЕ: Затворените угостителски објекти ќе ја чекаат наредната...

ЗАСЕГА ЌЕ РАБОТАТ САМО ТЕРАСИТЕ: Затворените угостителски објекти ќе ја чекаат наредната фаза

Од задутре, четврток, 28 мај, ќе почнат со работа угостителските објекти, објави вечера техничкиот премиер Оливер Спасовски, презентирајќи ги усвоените одлуки на попладневната владина седница.

Засега со прецизно утврден соодветен протокол за работа ќе работат само во отворените делови т.е. терасите.

За работата во затворените објекти и тие што немаат тераси ќе се регулира во наредна фаза, објави тој.