дома Македонија ЗАСЛУЖЕНО ГИ ДОЧЕКАА КАКО ХЕРОИ: Еве како беа дочекани прилепчаните кои на...

ЗАСЛУЖЕНО ГИ ДОЧЕКАА КАКО ХЕРОИ: Еве како беа дочекани прилепчаните кои на велосипед поминаа 850 километри од Прилеп до Истанбул

Двајцата другари од Прилеп, Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, кои за 5 дена поминаа 850 километри на велосипед од Прилеп до Истанбул, се вратија дома.

Филип и Христијан успеаа во својот подвиг и со многу труд ја совладаа рутата кои тие ја нарекоа “Bike Tour Bosphorus” и станаа првите прилепчани, а можеби и Македонци кои успешно поминале толку долга релација, а за толку кратко време.

Нивните колеги од Здружението “Маркови точакџии”, чии членови се и Филип и Христијан, ги дочекаа со торта и им доделија медали за храброста и издржливоста.