дома Свет ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Чадот од Австралија наскоро ќе ја заобиколи Земјата

ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАСА: Чадот од Австралија наскоро ќе ја заобиколи Земјата

Американската вселенска агенција НАСА предупредува дека чадот предизвикан од пожарите во Австралија наскоро ќе ја заобиколи земјата.

Катастрофалните пожари во Австралија горат веќе неколку месеци, а густиот чад се издига над Пацификот.

НАСА соопшти дека веќе во првиот ден од оваа година чадот поминал илјадници километри и ја прекрил Јужна Америкам додека до 8 јануари поминал половина од Земјината топка.

-Се очекува чадот барем еднаш да ја заобиколи Земјата, соопштуваат од НАСА, пренесе „Би-Би-Си“.

Во пожарите до сега загинале најмалку 28 лица, неколку милиони животни а уништени се околу 2.000 куќи и 10,3 милиони хектари земјиште.

Еднаш кога ќе се најде во стратосферата, чадот може да помине илјадници километри од својот извор, влијаејќи на атмосферските услови на глобално ниво, наведуваат експертите.

НАСА истакнува дека чадот ја променил бојата на небото во Јужна Америка и значително го влошил квалитетот на воздухот во Нов Зеланд.

Неколку австралиски градови веќе се прекриени со густ чад настанат од катастрофалните пожари, меѓу кои се Канбера, Мелбурн и Сиднеј.

Во овие градови квалитетот на воздухот е на најниско досега забележано ниво.