дома Локално ЗАТВОРЕНО КАФУЛЕТО „БРОЗ“: УЈП со асистенција на полицијата го затвори кафулето „Броз“

ЗАТВОРЕНО КАФУЛЕТО „БРОЗ“: УЈП со асистенција на полицијата го затвори кафулето „Броз“

Од УЈП информираа дека поради нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки бил времено затворен кафе барот „Броз“. И покрај забраната, објектот продолжил со работа, по што денеска бил затворен со асистенција на полицијата.

 

Поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија и изречена е глоба за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања“, соопштија од УЈП.