дома Свет ЗАХАРОВА: Трамп ја уценува венецуелската вojcка со повикот за поддршка на Гваидо!

ЗАХАРОВА: Трамп ја уценува венецуелската вojcка со повикот за поддршка на Гваидо!

Повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп, дo венецуелската вojcка да ја поддржи опозицијата предводена од Хуан Гваидо треба да се смета за уцена, оцени портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.


„Уцена како средство за повраток на демократијата на народот на Венецуела“, напиша Захарова на својот фејсбук-профил како реакција на говорот на Трамп во Мајами и неговиот повик на вojcката на Венецуела да ја поддржи опозицијата, да дозволи поминување на хуманитарниот конвoj и така да биде амнестирана или во спротивно ќе изгуби сè.