дома Македонија ЗА БУГАРИТЕ УШТЕ СЕ „ПОРАНЕШНИ“: На Ѓуешево уште граничат со ПЈРМ?

ЗА БУГАРИТЕ УШТЕ СЕ „ПОРАНЕШНИ“: На Ѓуешево уште граничат со ПЈРМ?

Бугарските власти на граничниот премин „Ѓуешево“ сè уште работат со старото име „Поранешна југословенска Република Македонија“, објави Бугарското национално радио (БНР).

Но сепак во меѓуграничниот простор се поставени табли со новото име.

„Новото име Северна Македонија се уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин“, потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Не се сменети ниту сообраќајните знаци на патниот правец Ќустендил – Ѓуешево.