дома Временска Прогноза За викендот до 32 степена, од вторник повторно врнежи

За викендот до 32 степена, од вторник повторно врнежи

Следните денови времето ќе биде сончево, со значително повисоки дневни температури. Како што соопшти УХМР, утре ќе биде до 28, а за време на викендот до 32 степена.
До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до нула степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Утре максималната температура ќе достигне 28 степени (во Гевгелија), а во Скопје ќе биде 24, додека минималната ќе се движи од нула до четири степени. Во вторник и среда утринските температури ќе бидат од 7 – 15 степени, а дневните постепено ќе се намалуваат и ќе се движат меѓу 24 и 28 степени.