дома Локално ЗА ДА ОПРАВДААТ НЕСПОСОБНОСТ, ТРУЈАТ ЛУЃЕ: Општина Аеродром изрази сомневање дека некој...

ЗА ДА ОПРАВДААТ НЕСПОСОБНОСТ, ТРУЈАТ ЛУЃЕ: Општина Аеродром изрази сомневање дека некој намерно запалил ливада со сува трева во Ново Лисиче!

Општина Аеродром изразува сомнеж дека прилогот за пожарот во Ново Лисиче за кој известуваше телевизијата 24 Вести попладнево има политичка позадина, соопшти денеска општина Аеродром.

Во прилогот се тврди дека Општина Аеродром не реагира на повиците на жителите да се исчистат мини депониите што ги создаваат несовесновесни граѓани што е ноторна невистина бидејќи општинските екипи перманентно и интензивно работат на нивно отстранување, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека затоа многу сомнително е денешното палење на тревата која одредени медиуми под капата на власта сакаат да ја прикажат како депонија.