дома Европа ЗА ЕВРОПА ВЕЌЕ СМЕ „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Финскиот амбасадор го промени описот на...

ЗА ЕВРОПА ВЕЌЕ СМЕ „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Финскиот амбасадор го промени описот на работното место – бил амбасадор во Северна Македонија

Иако сеуште не е стапен на сила, договорот од Преспа веќе на големо е прифатен од меѓународната заедница, особено од земјите членки на ЕУ и НАТО кои нашата држава во официјалното обраќање веќе не условуваат со „Северна Македонија“

Освен ваквото навредливо именување, дел од државите веќе започнаа и да ги менуваат описите на работните места на нивните дипломати и амбасадори во земјава. Така, амбасадорот на Финска во описот на своето работно место напишал дека работи како амбасадор надлежен за „Србија, Црна Гора и Северна Македонија“.

Договорот два пати беше неуспешно ратификуван од страна на владејачкото мнозинство во Собранието, откако претходно нелегално му „залепија“ т.н. европско знаменце. Претседателот на државата одбива да стави параф на законот за ратификација на договорот.