дома Свет ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОКЕАНИ: Литванецот Вирџиниус Синкевициус ќе стане најмладиот еврокомесар

ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОКЕАНИ: Литванецот Вирџиниус Синкевициус ќе стане најмладиот еврокомесар

Претседателката Урсула фон дер Лајен му го додедли ресорот заштита на животната средина и океани на најмладиот еврокомесар во историјата на ЕУ, 28 годишниот литвански министер за економија и иновации, Вирџиниус Синкевициус.

Станува збор за ресорот, што е на ударот на се поголем број гласачи во земјите на ЕУ, кои бараат одговори на жешките прашања поврзани со емисијата на штетни гасови и климатските промени.

Наместо рибарство, Лајен го смени ресорот во океани, но сепак надлежностите се истите што ги иамше и досегашната комесарка од Малта, Кармена Вела.

Во 2016 година, Вирџиниус Синкевичиус стана пратеник во парламентот во Литванија. Тој е член на литванската селанска партија, која припаѓа на Зелените, и покрај тоа што досега не била нивна официјална членка.