дома Македонија „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: Не планираме да се повлечеме од улица!

„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: Не планираме да се повлечеме од улица!

Воодушевен сум од одзивот на денешниот марш. Мислев дека ќе бидеме неколку пати помалку. Многу позитивно сме изненадени од одзивот на луѓе. Голем дел од нив кажаа дека не биле никогаш на протест, но дека сега почувствувале потреба да излезат и да ја споделат емоцијата, истакна во вечерашните вести на Сител Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тој посочи дека има две цели за маршот, заедничка Македонија и четврт Илинден, односно повторување на вредностите.

-Решивме дека сега е нашето време, нашата должност, дека сакаме да живееме во оваа земја, заеднички со сите народи, како што сме живееле и досега. Нема да фрламе со бои по фасади и да уништуваме споменици. На мирен, достоинствен начин сакаме да го покажеме она што го чувствуваме и повикуваме и апелираме што повеќе луѓе да се вклучат на оваа иницијатива, на ова движење. Со огромна радост можам да ви кажам дека не е само сликата на улица која што ја видовте, туку и поддршката која што ја добиваме од страна. Има премногу луѓе кои се заинтересирани да се вклучат во ова, рече Илиевски.