дома Македонија ЗА КРАЛСТВОТО ЈОРДАН ПОСТОИ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Јорданските медиуми и официјални органи...

ЗА КРАЛСТВОТО ЈОРДАН ПОСТОИ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Јорданските медиуми и официјални органи го користат само Уставното име на Р.Македонија

Апсолутно сите медиуми во Хашемитско Кралство Јордан, вклучувајќи ги и државните, во своите извештаи за официјалната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова го користат уставното име на Република Македонија, пренесе Ексрес.мк

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан“, му рече Иванов на својот домаќин, кралот Абдула Втори.

Шефот на македонската држава е примен со сите почести од највисокиот државен врв, а покрај со кралот се сретна и со премиерот Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фејсал ел Фаез и со спикерот на Претставничкиот дом, Атеф Таравнех.

Посетата вклучи и предавање во Совет за светски прашања на тема „Балкан, Кавказ и Блиски Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и посет на Биро за дизајн и развој на кралот Абдула.

Во рамките на дамската програма, пак, сопругата Маја Иванова се сретна со кралицата Ранија ал Абдула и ги посети Фондацијата „Џордан Ривер”, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детски музеј „Јордан“, основани од јорданската кралица.

Македонија и Јордан воспоставија дипломатски односи на 15 септември 2000 година.