дома Балкан ЗА НАПРЕДОКОТ И РАЗВОЈОТ НА КОСОВО: Харадинај добил пофалби од Весли Кларк...

ЗА НАПРЕДОКОТ И РАЗВОЈОТ НА КОСОВО: Харадинај добил пофалби од Весли Кларк за посветеноста кон земјата

Рамуш Харадинај, кој пред една недела поднесе нeoтповиклива ocтавка на премиерската функција, денеска изјави дека добил писмо од пензионираниот генерал на НАТО Весли Кларк во кое му честита на посветеноста за напредокот и развојот на Косово.

Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека Кларк го пофалил за напредокот и развојот на Косово во изминатите години.

Тој вети дека народот на Косово ќе му биде вечно благодарен на генералот Кларк.

Харадинај за денеска закажа редовна седница на владата. Приштинскиот весник „Коха“ пишува дека Харадинај, по враќањето од сослушувањето во Специјалниот cyд во Хаг за злocтоpства на таканаречената ОВК над Срби и други неалбанци, се однесува како во меѓувреме ништо да не се случило.

Од Хаг во Приштина Харадинај се врати доцна синоќа.