дома КОВИД-19 (Коронавирус) За нeкoлкy чaca ќe ce oдлyчи дo кoгa ќe тpae пoлициcкиoт чac

За нeкoлкy чaca ќe ce oдлyчи дo кoгa ќe тpae пoлициcкиoт чac

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 68-ма седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, која ќе започне во 19:00 часот, ќе биде разгледуван Записникот од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, на денешната седница, пред министрите ќе се најде Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи.

За донесените одлуки и заклучоци од 68-мата редовна Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.